768x432

19.09.2024 Скопје

Херојот на Италија од Светското првенство во 1990 година, легендарниот Салваторе „Тото“ Скилачи, почина на 59-годишна возраст по долга борба со ракот. Скилачи својот најблескав момент во кариерата го доживеа на споменатото Светско првенство во дресот на Азурите, кој благодарение на неговите голови и него како апсолутно откровение на Мундијалот го освои третото место.

Поранешниот голгетер на Јувентус и Интер пред една недела беше пренесен во болницата „Цивико“ во Палермо на дополнителни прегледи, со оглед на тоа што претходно му беше дијагностициран тумор на дебелото црево.

Скилаќи потоа доби тешка пневмонија и оттогаш е на терапија со високопроточен кислород.

„Ве известуваме дека 18.09.2024 год Г-дин Салваторе Скилачи, кој претходно бил хоспитализиран во оваа болница, починал во 9:55 часот. Раководството и персоналот се со семејството, потсетувајќи се на љубовта во која секогаш уживаше големиот шампион“ се вели во официјалното соопштение на болницата.

Подготвено од М.Д.

About Author