07.09.2024 Скопје
Снимката од Zoom Earth покажува дека силен дожд деновиве ја погодува пустината Сахара, која, како најголема топла пустина во светот, е позната по своите суви услови.
Снимката од прогнозата, објавена вчера наутро од Zoom Earth на X, порано Твитер, покажува дожд што се движи низ северозападна Африка од средата. Дождот продолжи да паѓа во регионот до четврток, а радарите предвидуваат дека ќе продолжи и денеска.
Според радарот, количината дожд варира од слаб до силен.
Во објавата ги поврзуваат врнежите со малиот број урагани на Атлантикот што ги погодија САД оваа година.
„Тропските бранови, кои често се развиваат во урагани, не се појавија толку силно од централна Африка. Еден клучен фактор во формирањето на тропските бранови е Интертропската зона на конвергенција (ITCZ). Таа се преселила посевер од вообичаеното. Ова, во комбинација со рекордно позитивна северноатлантска осцилација (NAO), ги промени временските шеми низ Атлантикот и Африка“
Оваа промена предизвика повеќе дождови во делови од светот кои вообичаено немаат многу врнежи, како што се пустините Сахел и Сахара.
Жителите на малото пустинско гратче Аин Сефра во северозападниот дел на Алжир беа вчудоневидени кога видоа огромно езеро кое се појавува во нормално сува пустина како редок природен феномен по многу силен дожд.
Сахара, каде вообичаено не врне дожд или тоа се случува ретко, еднаш во деценија, забележа 500 отсто од своите нормални месечни врнежи овој месец.
Подготвено од М.Д.