procistuvac

06.09.2024 Скопје

Општина Кисела Вода ги опремува сите 230 училници во сите основни училишта со пречистувачи на воздух. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја објави оваа значајна мерка која треба значително да помогне во заштита на здравјето на најмладите, како и во создавање на здрави еколошки навики кај нив.

Како што соопштија од Општината, овој процес е започнат летово со поставување на пречистувачи во ООУ „Невена Георгиева Дуња”, денеска се поставуваат во ПОУ „Кузман Јосифовски Питу”, а во наредниот период, сите училници во сите основни училишта во општина Кисела Вода, ќе добијат пречистувачи на воздух.

„Ова е уште чекор кон создавање поздрава и побезбедна средина, каде нашите деца ќе можат непречено да го следат своето образование и да растат во услови што го штитат нивното здравје. Ќе потсетам дека поставивме мерна станица во парцелата на Цементарница УСЈЕ. Претходно ја ставивме во функција мерната станица кај Домот на култура “Билјана Беличанец”, секоја година по неколку пати организираме масовни акции за пошумување, доделуваме субвенции за набавка на пелети како еколошки енергенс, интензивно работиме на имплементација на проекти за енергетска ефикасност. Во Буџетот за 2024 година предвидовме средства и за набавка на фотоволтаици. Воедно, покрај тоа што обезбедивме пречистувачи на воздухот за сите училишта. Наскоро ќе поставиме и пречистувачи на воздух и во поголемите паркови на територија на Општина Кисела Вода“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Подготвено од М.Д.

About Author