18.09.2024 Скопје
Седницата на заедничката комисија за историски и образовни прашања со Бугарија, која беше закажана за денеска, нема да се одржи, се дознава од членови на комисијата од македонска страна. Поради промената на составот, новиот претседател денеска ги известил бугарските колеги дека седницата која што беше закажана за денес и утре во Скопје се одложува, велат изворите.
Првата средба на комисијата во нов состав се очекува во наредните една или две недели.
Владата пред една недела на затворена седница го смени составот на комисијата и го назначи историчарот Ванчо Ѓорѓиев за нејзин претседател. Тој претходно беше член на комисијата, но пред речиси три години поднесе оставка обвинувајќи за притисоци и „директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР“.
Подготвено од М.Д.