12.09.2024 Скопје

Објавена листа на најдобрите земји. Швајцарија го освои првото место трета година по ред.

Во истражувањето беа анкетирани 17.000 луѓе ширум светот за да се процени како секоја нација е рангирана во различни категории, вклучувајќи моќ, отвореност за бизнис и културно влијание. Швајцарија постигна забележителни резултати во трите најтешки категории: квалитет на живот, претприемништво и социјална цел.

На второ место е Јапонија поради високите позиции во категориите претприемништво и миграција. Соединетите Американски Држави се рангирани на третото најдобро место. Топ 10 листата е следна:

Швајцарија

Јапонија

Соединетите Американски Држави

Канада

Австралија

Шведска

Германија

Обединетото Кралство

Нов Зеланд

Данска

Кога се во прашање земјите од регионот и нашите соседи, Грција е на 26 место, Турција на 31, Хрватска е на 47 место. Таа особено се истакна во категориите бизнис, авантура и наследство.

Бугарија е на 64 место, додека на 65 е Словенија, а Србија  се најде на 88 место. Имаше слаб резултат во голем број категории, вклучувајќи моќ, квалитет на живот, агилност итн.

Белорусија беше прогласена за најлоша земја.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *