AIVO ORAV 2

03.09.2024 Скопје

Амбасадорот Аиво Орав, естонски дипломат со над 30 години искуство на национално и на ниво на Европска Унија, во дипломатијата и прашањата на ЕУ, денеска ја презеде функцијата шеф на Канцеларијата на ЕУ/Специјален претставник на Унијата во Косово.

Амбасадорот Орав, кој претходно беше постојан претставник на Естонија во ЕУ и шеф на делегациите на ЕУ во Црна Гора и Република Северна Македонија, на чело на Мисијата во Косово го наследи чешкиот дипломат Томаш Суниог.

Во објава на платформата Икс, естонскиот дипломат рече дека со нетрпение очекува тесна соработка со домашните и меѓународните партнери, со цел приближување на Косово до ЕУ.

„Прв ден во мојата нова канцеларија како амбасадор на ЕУ во Косово. Со нетрпение очекувам тесна соработка со нашите локални и меѓународни партнери со цел унапредување на нашите политички и економски односи, поддршка на реформите, приближување на Косово до ЕУ и запознавање со Косово и неговиот народ“, напиша Орав.

Подготвено од М.Д.

About Author