04.09.2024 Скопје
Гркот Михалис Рокас, новиот евроамбасадор во земјава, пристигна во Скопје. Делегацијата на ЕУ во Скопје му посака добредојде. Тој ќе го замени Дејвид Гир.
Рокас беше шеф на делегацијата на ЕУ во Малезија, пред да дојде на функцијата во Скопје.
Претходно беше вршител на работите во ЕУ, и шеф на делетациајта во Нов Зеланд. Работел и како раководител на Одделот за поддршка на делегациите при европската служба за надворешни работи.
Подготвено од М.Д.