20.09.2024 Скопје
Новак Ѓоковиќ е најпопуларниот спортист во регионот, доби уште еден мурал во главниот град на Србија – Белград.
Новак Ѓоковиќ има освоено 24 Грен слем трофеи, на секој Мастерс турнир најмалку два пати, а од летово е горд сопственик и на златен медал на Олимписките игри.
Ликот на Новак е нацртан на српското знаме, а Ѓоковиќ во раката држи златен олимписки медал. Делото е украсено и со цитат од Милош Обилиќ.
Српски витез. Вакви што сме денес, ќе бидеме засекогаш – пишува на муралот насликан во основното училиште „Алекса Шантиќ во Калуѓерица.
Подготвено од М.Д.