657869

06.09.2024 Скопје

НЕЛТ и УНИЦЕФ во Република Северна Македонија денеска ќе склучат ново партнерство, со цел на учениците во стручните училишта да им обезбедат можности за практично учење со фокус врз јакнење на зелените вештини.

Како што информираат од УНИЦЕФ, со иницијативата ќе се подобри вработливоста на учениците од стручното образование и обука при што тие подобро ќе се подготват за пазарот на трудот. Оваа партнерство е дел од глобалното партнерство за зајакнување на образовните системи во Србија, Р.С.Македонија и Босна и Херцеговина, кое ќе се прошири и на Ангола во 2026 година.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе се обратат Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Весна Јаневска, министер за образование и наука, Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Р.С. Македонија и Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт СТ Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author