AFRIM GASHI 2

03.09.2024 Скопје

Денеска народните избраници за прв пат во овој парламентарен состав ќе гласаат за менување или не на првиот меѓу еднаквите, спикерот Африм Гаши. Интерпелацијата за Гаши е поднесна од Левица.

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН нема да ја поддржат иницијативата за интерпелација, додека пратениците на СДСМ и Коалицијата и Левица ќе гласаат „за“. Од ДУИ нема прецизен одговор. Неофицијално интегративците на Ахмети на почетокот на седницата ќе го искажат ставот зошто и што му забележуваат на Гаши и ќе ја напуштат собраниската без да гласаат.

Интерпелацијата, Левица ја засноваа на 7 точки во 10 страници каде според нив собранискиот спикер работел нестручно, неуставно и неделовнички, но и како што наведуваат ја повредил секуларноста на државата бидејќи дозволил извршување на верски обреди на една од седниците на комисиите . Во забелешките е наведен и случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром за што Гаши исто така посочи пак дека реагирал со цел да избегне инцидент а останатите прашања повторно ги адресираше на МВР. Според Левица, Гаши како претседател на Законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата што ја даде како веќе избран претседател прво ја дал на албански, а не на македонски јазик. Во интерепалцијата е наведено дека спикерот го злоупотребил и Законот за државни симболи.

Подготвено од М.Д.

About Author