21.09.2024 Скопје
Владата на вчерашната седница донесе одлука за намалување за ограничување на цените на 73 прехранбени производи кои се најзастапени во маркетите. Нивната профитна маржа се ограничува на 10 отсто во трговијата.
Одлуката е донесена врз основа на индексот на трошоците за живот од Заводот за статистика во споредба со цените од декември 2023, објави министерот за економија Бесар Дурмиши.
Станува збор за брашно, леб, пекарски производи, млеко, млечни производи, месо, преработки од месо, ориз, грав, тестенини, дел овошје и зеленчук и дел од конзервираните производи
Одлуката ќе трае до 31 октомври, а штом се објави во Службен весник. Цените ќе бидат посебни истакнати со натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Подготвено од М.Д.