super market pazaruvanje ceni

12.09.2024 Скопје

Инфлацијата во август во однос на јули е 0,5 отсто, а најголем раст има на трошоците за храна и безалкохолни пијалаци. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2.2  проценти, а цените на мало од 3 проценти.

Информацијата денеска ја објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е поради зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1.2  проценти, рекреација и култура за 1.1  процент, здравје за 0.8  проценти, ресторани и хотели за 0.7  проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6  проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5  проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1  процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот има во следните групи: транспорт за 2.2  проценти, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0.3  проценти.

Oд месец на месец, инфлацијата се менува.

Подготвено од М.Д.

About Author