23.09.2024 Скопје

Јужна Америка се соочува со рекордни шумски пожари кои резултираа со „црн дожд“, зелени реки и нивоа на загаденост на воздухот речиси 50 пати повисоки од препорачаните граници на Светската здравствена организација (СЗО), објави компанијата за следење на квалитетот на воздухот IQair.

Од 1 јануари до 16 септември оваа година, на континентот се забележани 364.485 шумски пожари, што го надмина рекордот од 2007 година од 345.322 пожари, покажуваат податоците на бразилската агенција за вселенски истражувањата. Сушата што моментално го погодува Амазон дополнително го влоши ширењето на пожарите. Додека многу пожари се припишуваат на човечки активности, сушата создаде поволни услови за нивен брз раст. Како резултат на тоа, 60% од територијата на Бразил е зафатена од чад.

Чадот и загадувањето се проширија во соседните земји и Атлантскиот Океан, покривајќи површина од 10 милиони квадратни километри – површина поголема од целата Соединетите Американски Држави.

„Квалитетот на воздухот во Бразил никогаш не бил толку лош“, изјави Алесандра Фиделис, истражувач во Лабораторијата за растителна екологија на Државниот универзитет во Сао Паоло. Наталија Гил, експерт за атмосферски науки во Технолошката лабораторија во Уругвај, исто така забележа континуиран пад на квалитетот на воздухот во градовите низ јужен Бразил, северна Аргентина, Боливија, Парагвај и североисточен Уругвај. Во последните недели има „значителен пораст“ на црн јаглерод, честички прашина и гасови како што се озон, азотни оксиди и јаглерод моноксид во градовите како Буенос Аирес, Сао Паоло, Рио де Жанеиро и Ла Паз.

Во поголемиот дел од Бразил овие промени се манифестираат со повисоки температури, намалување на врнежите и зголемување на бројот на екстремни суши, кои ги продолжуваат периодите на т.н. „сезона на пожари“. Сето ова, според Фиделис, станува „нова реалност“. „Мораме да почнеме да препознаваме дека се соочуваме со нов фактор за кој некогаш мислевме дека е идно сценарио, но сега е наша реалност: климатските промени“, заклучи Фиделис.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *