MANUEL ZARACIN

24.09.2024 Скопје

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Зарацин, изјави дека Косово може да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и други казни доколку продолжи да го забранува увозот на стоки од централна Србија.

Косово би можело да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија и други казни доколку продолжи да го забранува увозот од Србија, изјави Зарацин.

Зарацин неодамна двапати ја посети Приштина, а германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, на 5 септември рече дека за време на неговата втора посета, Зарацин го повикал косовскиот премиер Албин Курти да ја укине забраната воведена во јуни 2023 година за увоз на производи со срспко потекло, што, како што изјави, ја блокира слободната трговија во регионот и ја опструира ЦЕФТА.

Подготвено од М.Д.

About Author