06.09.2024 Скопје
За сите љубители на астрономијата, седми септември ќе биде денот кога фокусот ќе биде ставен на планетата Сатурн, поради нејзината специфична положба во овој период од годината.
Имено, астрономското друштво Орион објави информација за тоа како 7 септември ќе биде ден кој вреди да се запише во календарите поради т.н. феноменот на Сатурн во опозиција.
Опозицијата во астрономијата ја претставува положбата на небесното тело во Сончевиот систем кога тоа, гледано од Земјата, се наоѓа на спротивната страна од Сонцето. Во овој случај растојанието помеѓу Земјата и Сатурн е најмало бидејќи и двете тела се на иста страна на Сонцето, па редоследот е: Сонце – Земја – Сатурн.
„Овој феномен се нарекува спротивставување на Сатурн со Сонцето“, наведуваат тие.
Во овој период, Сатурн се појавува на небото во својот најчист и најсветлиот сјај бидејќи е поблиску до Земјата од кога било, а неговите прстени се во идеална позиција за гледање.
Спротивставувањето со Сонцето претставува исклучително поволен период за набљудување бидејќи Сатурн е видлив во текот на ноќта. Заедно со Сатурн, можно е да се види неговиот најголем природен сателит – Титан.
Сатурн многу научници го сметаат за најубавата планета во Сончевиот систем пред се поради прстените кои го красат.
Нејзините прстени се исклучително сложени и се направени од мраз и карпи. Кога станува збор за Сатурн, како Јупитер, оваа планета е главно составена од водород и хелиум.
Се карактеризира и со силни ветрови кои достигнуваат и до 500 метри во секунда во т.н екваторијални региони.
Подготвено од М.Д.