06.09.2024 Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Р.С. Македонија Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска престојува во работна посета на Будимпешта.

Централни теми во разговорите на министрите се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година. По средбата на двајцата министри, предвидена е конференција за медиумите.

Муцунски ќе оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија, соопшти МНР на Р.С. Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *