Lionel-Mesi

14.09.2024 Скопје

Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси му е на располагање на тренерот на Интер Мајами, Тата Мартин за саботниот натпревар од МЛС против Филаделфија Унион, па би можел да игра првпат по два месецa, односно по истегнување на десниот зглоб во финалето на Копа Америка.

Аргентина на тој натпревар ја совлада Колумбија и со тоа ја одбрани титулата освојувач на Копа Америка.

Меси последниот настап во дресот на Интер го имаше на 1-ви јуни.

Меси оваа сезона забележа само 12 настапи за Интер и постигна 12 гола со 13 асистенции, а тимот е убедливо на врвот во Источната конференција. На седум кола пред крајот Интер има 59 бода, осум повеќе од вториот Синсинати или 10 со натпревар повеќе од третиот Колумбус Кру.

Лигашкиот дел од сезоната во МЛС завршува на 19-ти октомври, а потоа следи плеј-офот.

Подготвено од М.Д.

About Author