26.09.2024 Скопје
Не е тајна дека патувањето е забавно, но новото истражување покажува дека тоа може да направи луѓето да изгледаат и да се чувствуваат помлади.
Во новото истражување на Универзитетот Едит Кауан од Австралија, се тврди дека ентропијата, процесот на бавно и неизбежно стареење, може да се забави со патување.
Според неа, многу елементи на патувањето – како запознавање нови луѓе, подобро спиење, нови животни искуства, како и учество во активности како јога или спа третмани, помагаат во борбата против стареењето.
„Туризмот не е само за одмор и рекреација“, вели авторот на студијата Фангли Ху.
„Тоа може да придонесе и за физичкото и менталното здравје на луѓето.“
Подготвено од М.Д.