10.09.2024 Скопје
Индиските медиуми тврдат дека лекар кој извршил операција на жолчното кесе во индиската држава Бихар служејќи се видео што го гледал на Јутјуб предизвикал смрт на 15-годишно момче.
Инцидентот го соопштило семејството на момчето кое починало по операцијата.
Семејството тврдеше дека детето, кое било хоспитализирано со симптоми на повраќање и болки во стомакот, било оперирано од лекар со помош на видео што го гледал на Јутјуб.
Семејството истакнува дека срцето на момчето застанало за време на операцијата и дека починало додека со возило на Брза помош бил на пат кон друга болница.
Членовите на семејството на детето тврдат дека смртта на нивното дете ја предизвикал „лажен лекар“ кој, како што велат, побегнал и го оставил детето во болница.
Индиските власти најавија дека истрагата за случајот е во тек.
Подготвено од М.Д.