MIROSLAV LAJCAK

06.09.2024 Скопје

Како што изјави Лајчак минатата недела, цел на неговата денешна посета е да подготви средба на ниво на главните преговарачи на двете земји во рамките на дијалогот што се одвива со посредство на ЕУ.

Овој пат, според извори од Брисел, по Приштина Лајчак нема да го посети Белград.

Минатата недела, додека учествуваше на безбедносниот форум Глобсек во Прага, европскиот емисар се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во меѓувреме, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повтори повиците до косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори, кои според Унијата би можеле да ги зголемат тензиите на северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

„Ние се ангажираме со нашите партнери во Косово, им испраќаме пораки и се надеваме дека конечно ќе можеме да ги решиме овие прашања таму каде што им е местото, во рамките на дијалогот што го олеснува Европската Унија“, изјави вчера Стано.

Подготвено од М.Д.

About Author