19.09.2024 Скопје
Косовскиот министер за локална самоуправа, Елберт Красниќи, во интервју бил запрашан за затворањето на „паралелните општини“ во Косово, на што одговорил дека сите ќе бидат затворени.
Красниќи бил запрашан за општината во Грачаница и предупредил дека и таа ќе биде затворена.
„Да го направиме овој разговор денеска, а темата беше затворањето на канцеларијата во Грачаница, ќе кажете зошто не се затвораат на северот. Во Косово нема место за српските институции. Не го знам датумот кога ќе се затвори. Не сакам да банализирам, но ќе се затвори и паралелната канцеларија во Србица“, рекол тој.
„По Призрен, Драгаш, Клина, Исток, на ред дојде и Митровица. Сè ќе биде затворено. Ниту една паралелна општина нема да може да постои на Косово“, кажал министерот Красниќи.
Подготвено од М.Д.