06.09.2024 Скопје
Кинеската влада повеќе не дозволува децата од таа земја да ги посвојуваат странски државјани, соопшти портпаролката на министерството за надворешни работи.
Единствен исклучок ќе бидат оние кои се во крвно сродство со детето кое планираат да го посвојат, кажа портпаролката Мао Нинг.
Таа, меѓутоа, не ја образложи одлуката на владата, но наведе дека е во согласност со духот на релевантните меѓународни конвенции.
Многу странци во изминатите децении посвојуваа деца од Кина, каде доаѓаа да ги преземат и потоа да ги одведат во новите домови во странство.
На странците не им беше дозволено да посвојуваат деца од Кина ни за време на пандемијата на ковид-19.
Владата потоа го одобри посвојувањето деца кои добиле патни документи пред суспензијата на процесот за странци во 2020 година, се наведува во последниот извештај на американскиот Стејт департмент за посвојувањето.
Американскиот конзулат издал 16 визи за посвоени деца од Кина за време на 12-те месеци од октомври 2022 до септември 2023 година, се наведува во извештајот.
Не е познато дали од тогаш се издавани визи.
Во јануари, една данска агенција за посвојување деца од странство соопшти дека завршува со операциите поради проблеми со фалсификувани документи во процедурите.
Водечкото регулаторно тело во Норвешка препорача на две години да се сопре посвојувањето деца од странство додека не се спроведе истрага за неколку случаи.
Подготвено од М.Д.