14.09.2024 Скопје
Kина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање, почнувајќи од следната година. Oдлуката која ќе важи во следните 15 години подразбира дека мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, зависно од работното место.
Оваа одлука ќе се применува од јануари следната година, се наведува во соопштението на кинескиот законодавен дом.
Сегашната возраст за пензионирање е 60 години за мажи, а од 50 до 55 години за жени.
„Имаме повеќе луѓе кои се на прагот на возраста за пензионирање, така што пензискиот фонд се соочува со голем притисок, мислам дека сега е време да се дејствува сериозно“, рече Ксијујан Пенг, виш научен соработник на Универзитетот во Викторија, во Австралија, кој го проучува населението на Кина и неговите врски со економијата.
Подготвено од М.Д.