zelenski bara oruzje od juzna koreja

06.09.2024 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев заедно со своите партнери ќе подготви детален план за завршување на војната, за кој ќе се разговара на следниот мировен самит и на кој ќе бидат поканети претставници на Русија.

„Ќе подготвиме, како што рековме, детален план за завршување на војната“, вели тој.

Зеленски нагласи дека „колку повеќе земји ќе се приклучат, толку повеќе земји ќе го разберат овој план детално“.

Украинскиот парламент со јасно мнозинство ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, објавија украинските медиуми и на таа функција го назначи неговиот заменик, 49-годишниот Андриј Сибиха.

Кулеба вчера поднесе оставка. Тој е на функција од 2020 година. Зеленски кажа дека сега им треба нова енергија.

Подготвено од М.Д.

About Author