kafe-i-cimet

21.09.2024 Скопје

Ако сте тип на личност која не може да започне разговор пред да го испие утринското кафе и уживате во тој ритуал, можеби треба да додадете состојка во вашиот омилен пијалок што може да го подобри здравјето на вашиот мозок.

Еве зошто кафето и циметот се совршен пар за утринско уживање и здравје на мозокот. Според д-р Шахин Лахан, невролог од Мајами, кафето е многу повеќе од обичен пијалок.

Со сигурност можам да кажам дека кафето нуди неколку значајни придобивки за здравјето на мозокот. Кофеинот, примарната активна состојка, делува како стимуланс кој ја зголемува будноста, ја подобрува концентрацијата и може да ја подобри краткорочната меморија – објаснува д-р Лахан.

Бидејќи кафето е богат извор на антиоксиданси, може да помогне во заштитата на мозочните клетки од оксидативен стрес, што го намалува ризикот од дегенеративни болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Иако се потребни повеќе истражувања за ефектот на кафето за одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест, д-р Лахан вели дека умереното внесување може да биде едноставен, но ефикасен начин за инвестирање во долгорочно когнитивно здравје.

Колку и да е корисно самото кафе за здравјето на мозокот и сознанието, додавањето на цимет може дополнително да ги подобри неговите придобивки, како и неговиот вкус.

Циметот содржи соединенија кои можат да помогнат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што е клучно за одржување на стабилна функција на мозокот во текот на денот. Исто така, тој е богат со антиоксиданси и има антиинфламаторни својства кои можат да придонесат за долгорочно здравје на мозокот, објаснува д-р Лахан.

Според анализата на 40 студии од 2024 година, циметот може значително да ја подобри когнитивната функција – учењето и меморијата – и да помогне да се спречи и намали оштетувањето на мозокот. Раните истражувања сугерираат дека циметот може да помогне во спречување или забавување на прогресијата на невродегенеративните болести, додава д-р Лахан, иако се потребни повеќе човечки истражувања за да се докажат овие тврдења.

Сепак, докторот се залага за кафе зачинето со цимет како безбеден и едноставен начин за зајакнување на одбраната на вашиот мозок со текот на годините.

Не се работи само за вкусот, туку за обезбедување дополнителен слој на заштита на вашите неврони – вели тој.

Циметот со кафе е едноставен трик за подобрување на утринскиот пијалок, а ова дуо се препорачува и за поддршка на здравјето на цревата. За да направите шолја кафе што е можно поздраво, откажете се од вештачките засладувачи како спартам, сукралоза и сахарин, кои негативно влијаат на цревните бактерии, а со тоа и индиректно на здравјето на мозокот.

Добро би било да се откажете од кремастите ароми кои често се додаваат во кафето. Многу од нив содржат големи количини на додаден шеќер и нездрави масти, кои можат да придонесат за воспаление и потенцијално да го зголемат ризикот од опаѓање на функцијата на мозокот со текот на времето, вели д-р Лахан.

Ако циметот не е доволен за да го задоволи вашето непце, д-р Лахан советува да се одлучите за поздрави алтернативи од оние наведени погоре.

За оние кои сакаат кафе со млеко, одлучете се за незасладено растително млеко или мали количини на обично млеко, што е поздрав избор од засладените и ароматизираните опции – објаснува тој.

Што се однесува до засладувачите, тој предлага користење на мали количини на природни засладувачи или постепено намалување на нивната употреба. Добрата вест е дека штом ќе го елиминирате или ограничите додадениот шеќер, вашите пупки за вкус може да се прилагодат на новиот пијалок за само шест дена.

Подготвено од М.Д.

 

About Author