05.09.2024 Скопје
Турскиот олимпиец во стрелаштво Јусуф Дикеч денеска поднесе барање до турскиот Институт за интелектуална сопственост за заштита на комерцијалната употреба на позата што го направи познат на Игрите во Париз.
„Откако бевме информирани за бројни иницијативи за регистрација на трговска марка, кои беа спроведени без знаење на Јусуф Дикеч, го поднесовме барањето пред околу една недела“, изјави неговиот тренер Ердинк Билгили.
Дикеч на Олимписки игри во Париз го освои сребрениот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол во мешани двојки, пукајќи со левата рака во џеб, без заштитни очила и слушалки.
Некои спортисти, како шведскиот скокач во далечина Арманд Дуплантис и фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ја копираа неговата поза за време на прославите.
Многу производи со неговата поза, како што се маици и чаши се пуштени во продажба.
Подготвено од М.Д.