03.09.2024 Скопје
Израелскиот суд за работни однос во Тел Авив денеска пресуди дека генералниот штрајк, што парализираше голем дел од економијата во земјата, мора да престане попладнево.
На повик на најголемиот синдикат во земјата денеска во Израел почна генерален штрајк за да се изврши притисок врз премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа по смртта на шестмината заложници земени од Хамас.
Веста за нивната смрт предизвика големи протести низ целата земја.
Подготвено од М.Д.