12.09.2024 Скопје
Комарците во земјава знаат да бидат проблем во летниот период, а доколку навреме надлежните не прстаат против нив проблемот станува поголем. Но има земја каде немаат таков проблем.
Климата во одредена земја има големо влијание врз тоа каков растителен и животински свет ќе има таа. Исланд е земја којашто има ладна и океанска клима, со релативно благи зими и ладни лета, а покрај тоа, недостатокот од „постојни површини со вода“ во оваа островска земја влијаеле врз тоа Исланд да биде единствената земја во светот којашто нема комарци.
Влијанието на климата врз тоа каков ќе биде растителниот и животинскиот свет е огромен, а на Исланд комарци нема и поради тоа што температурите ретко се доволно високи за да го поддржат животниот циклус на комарците. На комарците им се потребни топли временски услови за да напредуваат, температурите на Исланд, дури и во лето, се премногу ниски за ларвите на комарецот да се развијат и да созреат.
Комарците вообичаено несат јајца во постојани води, каде што ларвите растат. Исланд има многу водени текови, реки и езера, но нивните ниски температури ги прават несоодветни за размножувањето на комарците. Покрај ова и поради вулканскиот терен на земјата, поголемиот дел од водените површини се во движење, и не се постојани, што дополнително го ограничува размножувањето на комарците.
Значителните промени во температурата и дневната светлина на Исланд исто така не им одговараат на комарците. Кратките, ладни лета не нудат доволно топол период за комарците да можат да го завршат својот животен циклус. Од друга страна, ладните зими би биле многу сурови за комарците коишто би се обиделе да ја поминат зимата таму, дури иако би се обиделе да воспостават своја популација во текот на летото. Овие фактори заедно создаваат окружување коешто е несоодветно за комарците, и ја објаснуваат причината поради која тие не се присутни во Исланд.
„Дури иако комарците повремено се појават на Исланд, што се случува, тие никогаш не живеат доволно долго за да создадат цели популации. Ваквото окружување коешто го имаме на Исланд изгледа идеално за постојано држење на комарците понастрана“, вели Исланѓанецот Сигурјон Халдерсон.
Подготвено од М.Д.