23.09.2024 Скопје
Откако Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на „Балансерот“ како неуставна категорија се до носењето на конечната одлука, Министерството за јавна администрација ќе испрати упатства до државните органи и институции.
Министерството за јавна администрација ќе ги издаде новите инструкции за тоа како да се постапува во тековните и новите огласи за нови вработувања во јавниот сектор.
Од министерството ја потврдија оваа информација, а упатствата ќе се однесуваат на периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд.
Подготвено од М.Д.