11.09.2024 Скопје
ЗЕЛС покрена Иницијатива за законски измени за изрекување енормни глоби за создавачите на диви депонии. Ова било договорено на денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, одржана во Кавадарци.
„Имавме значајна средба од повеќе аспекти. На овој состанок, се начнаа повеќе теми од кои како најважна би ја издвоил иницијативата за законски измени за изречување енормни глоби за создавачите на диви депонии. Навистина е доста и неблагодарно да се уништува чистата животна средина и здравјето на нашите жители. Инцијативата која ќе биде доставена до надлежните, ќе значи ставање под контрола на загадувачите и нема да има апсолутно никаква толеранција, за оние кои ги создаваат дивите депонии. Ние нема да дозволиме нарушување на ликот на нашите општини“, истакнал градоначалникот на оваа Општина, Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски истакна дека нема да има толеранција кон никого и апелира на свесно и одговорно однесување.
„Благодарам на моите колеги за присуството и плодната дебата, која сигурен сум, ќе влоди со плод, бидејќи нашата намера за зачувување на нашите општини е сериозна“, истакна Ѓорѓиевски.
На седницата се дискутирало и по други точки од дневниот ред, се посочува во соопштението од Општина Кисела Вода.
Подготвено од М.Д.