evrozona biznis

17.09.2024 Скопје

„Европската наивност може да доведе до колапс на нејзината индустрија“, предупреди новоизбраната претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент, Аурора Лалике.

Според неа, Европа треба да ги засили напорите за зајакнување на својата индустриска база за да се натпреварува со Кина и Соединетите Американски Држави.

Таа изјави дека Европа ризикува да стане континент на потрошувачи наместо континент на производители. Светот се промени и ние веќе не доживуваме „среќна глобализација“.

САД ја бранат својата економија, Кина исто така, мора да го сториме истото, додаде Лалик. Според неа, на Европа и недостасува сеопфатна стратегија за поддршка на зелените и дигиталните фирми и олеснување на клучните јавни инвестиции.

„Не се работи за тоа да се биде протекционист сам по себе. Само треба да престанеме да бидеме толку наивни“, смета Лалик.

Нејзините коментари се резултат на зголемената загриженост за состојбата на европската економија бидејќи продуктивноста на Европската унија заостанува зад конкуренцијата, нивоата на инвестиции се ниски и цените на енергијата се превисоки.

Стапката на раст во Европската унија значително заостанува зад економскиот раст во Кина и Соединетите Американски Држави.

Подготвено од М.Д.

About Author