HANTER BAJDEN

06.09.2024 Скопје

Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател Џо Бадјен, призна дека е виновен по сојузното обвинение за избегнување на плаќање данок. Беше обвинет дека не платил 1,4 милиони долари данок, додека истовремено трошел на дрога, проститутки и луксузни предмети.

Во изненадувачки пресврт, со признавањето на вината се избегнува негово потенцијално судење кое би се случувало со недели пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави.

Обвинителите биле изненадени кога адвокатот на Хантер Бајден му кажал на судијата дека сака да употреби Алфордово изјаснување на вина, според кое обвинетиот тврди дека е невин, но признава дека обвинителите имаат доволно докази за осудувачка пресуда.

Обвинителите се спротивставиле на таквото признавање, истакнувајќи дека Хантер Бајден „нема право да признае вина под посебни услови кои се однесуваат само на него“. „Хантер Бајден не е невин, Хантер Бајден е виновен“, истакнал обвинителот Лео Вајз.

Одлуката на Хантер за признавање на вината доаѓа откако судијата донел некои одлуки неповолни за одбраната, дури пред расправата, вклучувајќи одбивање на предложен вештак на одбраната кој бил спремен да сведочи за зависноста на Хантер. Обвинителите најавувале дека сакаат да претстават докази за странски зделки на Хантер Бајден, кои биле во центарот на републиканските истраги на семејството Бајден.

Планирале да повикаат деловен соработник на Хантер за да сведочи за нивната работа за романски бизнисмен, за кого обвинителите велат дека настојувал „да влијае на политиката на американската влада“ додека Џо Бајден бил потпретседател.

Изрекувањето на пресудата на Хантер Бајден е закажано за 13 ноември. Му се закануваат до 25 години затвор, иако веројатно ќе добие многу помала казна или дури ќе избегне затвор.

Подготвено од М.Д.

About Author