17.09.2024 Скопје
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ кажа дека ќе се формира комисија за споменици и именување на плоштади и улици. Тој најави дека ќе побара на преместување на гробот на некогашниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз – Тито и отстранување на четири народни херои од тврдината „Калемегдан“.
„Сега ќе упатам јавно повик. Не можам да влијаам на одлуката, ниту Градот да влијае, но мислам дека отстранувањето на гробот на Јосип Броз – Тито од Белград, од Музејот на Југославија е важно за српскиот народ“, рече Шапиќ.
Според најавите, гробот на Тито би можел да биде преместен во Кумровец, сегашна Хрватска, местото каде што е роден.
Подготвено од М.Д.