04.09.2024 Скопје

Данската полиција ја уапси шведската активистка Грета Тунберг на денешните протести против израелската војна во Газа на Универзитетот во Копенхаген.

Тунберг на нејзиниот Инстаграм профил сподели видео снимено пред зградата на универзитетот и додаде дека полицијата ги растера демонстрантите.

„Студентите и јас сме во административната зграда на Универзитетот во Копенхаген“, рече таа.

Групата Студенти против окупацијата објави дека нема да ја напушти зградата додека Универзитетот во Копенхаген не ја прекине соработката со израелските образовни институции.

Како што изјави од местото на настанот репортерот на Екстра Бладет, покрај Тунберг, полицијата уапсила уште неколку демонстранти.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *