27.09.2024 Скопје
Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари за лице, со вклучен данок на личен доход.
Од Град Скопје информираат дека целта е стимулација на алтернативна форма на превоз за зголемена употреба на велосипедите.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) што ќе купат нов велосипед, од 1.1.2024 година, сè до исцрпување на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 31.10.2024 година.
Пристигнатите барања ќе бидат евидентирани во архивата на Град Скопје со точното време на поднесување (датум, час и минута) и ќе бидат разгледувани според датумот и времето на пристигнувањето.
Апликациите за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот.
Подготвено од М.Д.