10.09.2024 Скопје
Почнувајќи од 16 септември, Германија воведува гранични контроли на сите копнени граници во земјата, за да ја спречи илегалната миграција, објави германскиот министер за внатрешни работи.
Мерките се воведуваат во консултација со најголемата опозициска партија, Христијанско-демократската унија, откако мигрант со сириско потекло уби три, а повреди осум лица во градот Солинген.
„Наредив заострување на копнените контроли и веќе ја информирав Европската Унија. Ова ќе послужи за дополнително ограничување на нерегуларната миграција и заштита од акутните опасности од исламистичкиот терор и сериозниот криминал. Правиме се што можеме за да ги заштитиме луѓето во нашата земја“, рече министерката Ненси Фезер.
Сепак, Австрија се противи на оваа одлука, и најави дека нема да ги прими лицата кои ќе бидат одбиени за влез во Германија.
„Австрија нема да прифати лица на кои им е одбиен влез во Германија. Нема преговори за ова“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.
Подготвено од М.Д.