ofsajd

09.09.2024 Скопје

Фудбалската федерација на Холандија ја разгледува можноста за укинување на правилото за офсајд во аматерските редови на натпреварувањето. Покрај тоа што самата идеја е прилично бизарна, причината е уште побизарна.

Желбата на холандската Федерација е со укинување на правилото за офсајд да ги намали, ако не и целосно да ги елиминира се почестите тепачки и агресивни испади поради одлуки со кои играчите не се согласуваат.

Од холандската фудбалска федерација објаснуваат дека нема судии делегирани од федерацијата на натпреварите на аматерско ниво, туку линиски судии се луѓе од клубовите кои ги играат натпреварите и дека одлуката за укинување на правилото за офсајд би го намалила бројот на закани и се поагресивни испади во аматерскиот фудбал во земјава.

Директорот на холандското здружение Јан Дирк ван дер Зе прецизираше дека идејата дошла поради спорови околу одлуките на линиските судии.

Минатата сезона со расправии и тепачки поради судиски одлуки беа прекинати 1.864 натпревари, што е за 11 отсто повеќе од претходната сезона и дури 58 отсто во однос на периодот од последните пет сезони.

„Точно е дека всушност е мала бројка ако се земе предвид дека годишно се играат речиси 780.000 игри на аматерско ниво, но не сакаме да ги игнорираме овие податоци. Имаме проблем и сакаме барем да го ограничиме. Не сакам ни да ја отфрлам можноста еден ден да престанеме да ги користиме линиските лица“, рече Ван дер Зе.

Во Холандија сите се уште се сеќаваат на инцидентот од 2012 година кога помошниот судија кој судеше младински натпревар на кој играа тој и неговиот син им подлегна на повредите кои ги доби откако беше претепан на теренот од неколку играчи, момчиња на возраст од 15 и 16 години.

Подготвено од М.Д.

About Author