NOEL BARO

24.09.2024 Скопје

Франција побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да се разговара за ситуацијата во Либан, каде се интензивираат судирите со Израел, изјави новиот француски министер за надворешни работи Жан Ноел Баро.

Во овој момент мислам на либанскиот народ, откако израелските напади однесоа стотици цивилни жртви, вклучително и десетици деца.

Овие удари на двете страни на Сината линија (линијата за разграничување меѓу Израел и Либан, повлечена од Обединетите нации) и пошироко во регионот мора веднаш да престанат, рече Баро од говорницата на Генералното собрание на ОН.

„Франција ги повикува земјите, и оние кои ги поддржуваат, на деескалација со цел да се избегне избувнување на регионален пожар што би бил катастрофален за сите и пред се за цивилното население.

Затоа повикав на итен состанок на Советот за безбедност во врска со Либан оваа недела“, додаде новиот шеф на француската дипломатија, кој вчера ја презеде функцијата.

Во Либан, како и насекаде, Франција ќе остане целосно мобилизирана за решавање на големите кризи кои го поткопуваат меѓународниот поредок, увери тој од говорницата на ГС на ОН.

Либанското Министерство за здравство доцна синоќа соопшти дека 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, се убиени, а 1,645 се ранети во јужните и источните делови на земјата како резултат на непрекинатите израелски напади од вчераутро.

Ова е најголемиот број жртви и жртви во насилството што избувна пред речиси една година.

Израелската армија објави дека во последните 24 часа погодила повеќе од 1,300 цели на шиитската група Хезболах во Либан.

Подготвено од М.Д.

About Author