11.09.2024 Скопје
До крајот на годинава Европската Унија планира да ја забранува употребата на амбалажа која содржи Бисфенол А (БПА) кој се смета дека ја нарушува рамнотежата на хормоните, го ослабува имунолошкиот систем и има негативни ефекти врз плодноста.
Од унијата велат дека цел е забраната е да се заштити здравјето на потрошувачите и да се осигура дека во иднина ќе се користат алтернативи на амбалажа без БПА.
Оваа хемикалија често се наоѓа во лименки, пластични шишиња и други пакувања кои доаѓаат во контакт со храната и може да се исцеди од пакувањето и во храната, но забраната не влијае директно на самата амбалажа, туку на употребата на БПА, која се користи како пластификатор во многу пакувања.
Производителите имаат преоден период од 18 до 36 месеци за да развијат и пласираат алтернативи на амбалажа без БПА. Безбедните материјали вклучуваат полиетилен со висока и ниска густина (HDPE, LDPE) и полипропилен (PP) кои веќе се користат во производство на амбалажа.
Критичарите, како што е организацијата за потрошувачи Foodwatch, ја поздравуваат забраната, но велат дека таа не оди доволно далеку. Тие бараат и други бисфеноли, кои имаат слични хемиски својства како БПА, да бидат забранети од пакувањето на храната.
Подготвено од М.Д.