18.09.2024 Скопје
Европската Унија ги надмина критичните ризици за безбедноста на снабдувањето со енергија, ја врати контролата врз пазарите и цената на енергијата и ја забрза транзицијата кон климатска неутралност. Ова се главните наоди од извештајот за состојбата на енергенсите на Европската Унија во 2024 година, објавен на 12 септември од порталот на Европската комисија.
ЕУ, исто така, успеа да обезбеди уделот на рускиот гас во увозот од ЕУ да падне од 45 отсто во 2021 година на 18 отсто до јуни 2024 година. Во меѓувреме, увозот од доверливи партнери како Норвешка и САД се зголеми. Во исто време, ЕУ ја постигна својата цел за складирање на гас од 90 проценти за претстојната зима во август 2024 година, многу пред крајниот рок од 1 ноември. Иако е постигнат значителен напредок во исполнувањето на целите на Енергетската унија, извештајот открива дека има области каде што се потребни подобрувања.
Напорите на ЕУ за енергетска ефикасност треба дополнително да се зајакнат за да се постигне целта за намалување на потрошувачката на финална енергија за 11,7 отсто до 2030 година. Извештајот, исто така, бара сите земји на ЕУ да ги достават своите конечни ажурирани национални енергетски и климатски планови што е можно поскоро, за да се обезбеди заедничко постигнување на енергетските и климатските цели до 2030 година.
Подготвено од М.Д.