25.09.2024 Скопје
Економијата на еврозоната се приближува кон стагнација, а производството се уште е во значителен пад, е заклучокот од индексот што денеска го објави агенцијата Маркит Економикс.
Композитниот индекс на менаџерите за купување S&P global, според прелиминарните податоци, падна во септември од 51 во август на 48,9 поени, под прагот од 50 поени што го дели економскиот раст од контракцијата.
Вредноста на споменатиот индекс сега е најниска во последните осум месеци.
На негативниот развој на ситуацијата, пред се, влијаеше падот на германскиот производствен сектор и францускиот услужен сектор.
Главниот економист на Хамбуршката комерцијална банка (ХЦОБ), Сајрус де ла Рубија, предупреди на пад на новите нарачки и заостатоци во еврозоната и изјави дека економијата во еврозоната се движи кон стагнација.
Не треба многу фантазија за да се предвиди натамошно слабеење на економијата – додава споменатиот економски експерт.
Експертски тим смета дека овие резултати во еврозоната делумно го одржуваат „враќањето во реалноста“ во Франција по Олимписките игри во Париз, кои привремено го поттикнаа економскиот раст.
Подготвено од М.Д.