11.09.2024 Скопје

Патувањата се работи кои ги прошируваат нашите хоризонти и го отвораат патот кон некои нови знаења и учење. Кога посетуваме места на кои не сме биле, логично е некои повеќе да ни се допаѓаат, а некои помалку. Сега е составена листа на градови во Европа кои се прогласени за најлоши места за живеење.

Дали знаете дека на неa е и Скопје?

Студијата на Европската комисија ги анкетираше жителите ширум Европа, рангирајќи ги градовите според бројни фактори како што се зеленилото, здравствената заштита и животната средина. Резултатите се следни?

1. Палермо, Италија

Уште еден италијански град, овојпат победува, бидејќи е на првото место. Главниот град на Сицилија има најмалку задоволни граѓани во Европа, само 62 отсто од неговите жители изјавиле дека се задоволни од животот, а само четири отсто веруваат дека е лесно да се дојде до работа. Градот го сметаат за претерано бучен, а само шест отсто од нив го сметаат за чист. И покрај сето ова, тој е една од најбараните дестинации за одмор.

2. Атина, Грција

Верувале или не, „сребрениот медал“ оди кај приморскиот град и главниот град на оваа православна земја. За многумина е добра туристичка дестинација, но слабо котира во однос на задоволството на жителите. Само нешто повеќе од 20 отсто од нив лесно можат да најдат работа, а помалку од 40 отсто се задоволни од јавните површини во градот. Сепак, постои големо незадоволство од нивото на загаденост.

3. Истанбул, Турција

Помалку од 40 отсто од жителите на градот сметаат дека е погоден за постарата популација, а помалку од половина се чувствуваат безбедно по стемнување. Довербата не е силна страна, бидејќи само 27 отсто од луѓето рекле дека можат да му веруваат на „другиот до нив“. За среќа, само 10 отсто од луѓето веруваат дека е лесно да се обезбеди добро и достапно домување.

4. Тирана, Албанија

Овој соседен град е на врвот на најнеповолните градови за живеење во Европа, а само 66 отсто од жителите изјавиле дека се задоволни од условите за живот. Помалку од 30 отсто сметаат дека е добар град за ЛГБТ членовите, а помалку од 40 отсто сметаат дека е град со многу зеленило.

5. Неапол, Италија

На оваа листа се наоѓа уште еден град од Апенинскиот Полуостров. Добро се справува со зголемениот број туристи во него, а само 66 отсто од нив изјавиле дека се среќни што живеат таму. Освен тоа, 58 отсто веруваат дека Неапол е соодветен град за семејства со деца, како и дека се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот навечер.

6. Белград, Србија

Главниот град на Србија е некаде на средината од листата и само 38 отсто од неговите жители мислат дека можат да им веруваат на луѓето на улица. Сепак, дури 60 отсто од нив се задоволни од својата работа, додека помалку од половина од населението е задоволно од градскиот транспортен систем.

7. Рим, Италија

Иако важи за една од најпосетуваните дестинации во Европа, слабо котира кога се гледа задоволството на жителите. Само три отсто од жителите на овој град, кој лежи на седум ридови, сметаат дека квалитетот на животот е подобар од пред неколку години, а помалку од половина од жителите сметаат дека овој град е погоден за живеење на постари луѓе.

8. Скопје, Република Северна Македонија

Главниот град на поранешната југословенска република има најниско ниво на задоволство кај жителите. Само 13 отсто од нејзините жители веруваат дека квалитетот на животот е подобрен во последните пет години. Помалку од 40 проценти од луѓето рекле дека можат да му веруваат на сограѓанин на улица.

9. Мишколц, Унгарија

Ова е индустриски центар во североисточна Унгарија и четврти по големина град во земјата, но сепак се бори со задоволството на своите жители. Помалку од половина од жителите се чувствуваат безбедно на улиците ноќе, а помалку од 25 отсто веруваат дека е лесно да се најде работа во градот. Исто така, здравствениот систем не е задоволителен.

10.Подгорица, Црна Гора

Иако имаат крајбрежје кое привлекува голем број туристи, според истражувањето, Подгорица е град кој треба да се избегнува. Едноставно, нема интерес за посета на овој град, а помалку од половина од жителите на Подгорица сметаат дека ЛГБТ заедницата е добредојдена, додека 22 отсто од жителите изјавиле дека се чувствуваат осамено.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *