24.09.2024 Скопје
Екипата на Црвена Звезда демонстрира моќ и со убедливи 0-4 (0-2) победи на гостински терен кај Партизан, резултат со кој црвено-белите покажаа дека се најдобрата екипа во Србија во моментов и дека немаат конкуренција.
Десет меча Црвена Звезда немаше победа на „ЈНА“, но на овој дуел одигра моќно. Последен пат Звездашите победија кај ривалот во 2016 година, кога резултатот гласеше 1-2. Ова е воедно историска победа над црвено-белите над големиот ривал – највисоки 0-4 во историјата на меѓусебните пресметки со Партизан како домаќин.
Човек на натпреварот беше Шериф Ндиаје, затоа што деветката на Црвена Звезда постигна хет-трик. Тој го отвори резултатот од пенал во 24. минута, а потоа погоди уште двапати во второто полувреме, во 55. и 65. минута. Четврти стрелец за тимот беше Силас.
Црвена Звезда е лидер во Суперлигата и по седум кола има шест победи и едно реми. Партизан, пак, е во голема криза и заостанува 11 бода зад лидерот, со четири кола по ред без победа.
Подготвено од М.Д.