04.09.2024 Скопје
Цавтат е најексклузивната дестинација во Европа. Признанието доаѓа од познат туристички портал кој го споредува градот со Сен Тропе.
Новото признание за Цавтат доаѓа од „European Best Destinations“, еден од најпосетуваните веб страници за патување.
Цавтат нуди високо категоризирани хотели и ресторани, а порталот таквите места ги нарекува пионери на врвниот туризам. Во описот Цавтат бил споредуван со Тоскана. Во превите седум месеци од годината, општината Конавле, каде што е Цавтат, го посетиле 100.000 туристи.
Туристите овде не можат да најдат богат ноќен живот, туку мир и природна убавина, кон која, според Туристичкиот одбор, се стремат со години. Покрај посетата, Цавтат е и убав за живеење, велат жителите.
Подготвено од М.Д.