barberi

06.09.2024 Скопје

Британската модна фирма „Барбери“ по 15 години испадна од елитниот берзански индекс FTSE 100, кој ги следи 100-те највредни компании на Лондонската берза, а оваа одлука ќе почне да се применува во понеделник на 23 септември на почетокот на тргувањето.

Како што се наведува во соопштението на Лондонската берза група (LSEG), Барбери ќе падне на долниот ранг на FTSE 250 по кварталниот преглед на деловните резултати, додека неговото место во FTSE 100 ќе го заземе осигурителната компанија Hiscox.

Вредноста на Барбери сега се проценува на 2,64 милијарди евра, што е за 56 отсто помалку од крајот на минатата година по долгата серија разочарувачки резултати од продажбата и профитот.

Приходите на Барбери за кварталот што заврши на 29 јуни се намалија за 22 отсто на годишно ниво на 458 милиони фунти, или приближно 544,7 милиони евра.

Фирмата објави дека го суспендирала исплатата на дивиденда и предупреди дека би можела да забележи оперативна загуба во првата половина од фискалната година, додека оперативната добивка за целата фискална 2025 година веројатно нема да ги исполни очекувањата.

Бурбери се обиде да се етаблира на пазарот на луксузни брендови од високата класа, но тој план не успеа и сега се очекува компанијата да таргетира помалку богати потрошувачи.

Подготвено од М.Д.

About Author