17.09.2024 Скопје
Бугарскиот амбасадор Желајаско Радуков одбил да ја прими протестната нота за отсуството на македонското знаме на средбата помеѓу претседателите на Р.С.Македонија и Бугарија. Од МНР велат дека станува збор за тежок дипломатски гаф и дека протестната нота ќе му биде испратена по дипломатски пат.
Амбасадорот Радуков кажа дека не му била врачена протестна нота при денешната средба со директорот на директоратот за регионални иницијативи во МНР. Според него не станува збор за никаква провокација од бугарска страна, а средбата на двјацата претседатели била неформална и протоколот не е прекршен.
И бугарскиот претседател Румен Радев, средбата ја оцени како пријателска од неформален карактер.
Според Радев, разговорот со македонската претседателка е добар старт за патот на Р.С.Македонија кон ЕУ, а Бугарија сака да и помогне во процесот.
Во официјалното соопштение на македонското МНР информираат дека освен барањето објаснување од бугарскиот амбасадор поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, била изразена и загриженост за политичките изјави кои ги давал копретседавачот на историската комисија со Бугарија, Ангел Димитров.
И Р.С.Македонија и Бугарија остануваат на ставот дека има позитивни тонови за понатамошна соработка меѓу двете земји.
Подготвено од М.Д.