Biden-za-obnova-na-Ukraina-foto-X-

26.09.2024 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден, заедно со меѓународните партнери, ја потврди својата посветеност да и помогне на Украина во обновата на земјата.

Ние сме посветени на Украина да и ги обезбедиме ресурсите што и се потребни за да се изгради посилна отколку што беше порано, рече Бајден на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Не е тајна дека руските напади предизвикаа значителна штета, рече американскиот претседател, но, додаде тој, „ Украина е економски отпорна“.

Русија ја започна својата целосна инвазија на соседната земја на 24 февруари 2022 година.

На синоќешниот настан, на кој присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, Бајден претстави декларација на повеќе од 30 земји и ЕУ за поддршка на реконструкцијата на Украина, пренесува германската агенција .

Целта на декларацијата е Русија да биде повикана на одговорност за штетата и за обновата на Украина на долг рок.

Денеска објавуваме заедничка декларација за поддршка за обновата на Украина за да стане јасно дека стоиме со Украина сега и во иднина, рече Бајден.

Г7 во јуни одлучија да ги искористат приходите од камати од замрзнатите руски средства за да финансираат пакет заем од 50 милијарди долари за Украина.

Суверените средства на Русија ќе бидат имобилизирани додека Русија не стави крај на својата агресија и не ја плати штетата што ја предизвика, објасни Бајден во Њујорк

Подготвено од М.Д.

About Author