10.09.2024 Скопје
Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека владата ќе воведе проверка на возраста во наредните месеци пред да воведе закон за воведување на забраната.
Албанезе рече дека неговата централно-левичарска влада на Лабуристичката партија размислува да ја забрани употребата од тинејџери меѓу 14 и 16 години. Понатаму, премиерот додаде дека родителите се „крајно загрижени“ поради тоа што нивните деца ги користат социјалните мрежи.
„Родителите сакаат нивните деца да не користат телефон и да ги гледаат на игралишта и во паркови. Така и јас. Затоа го преземам овој чекор“, изјави Албанезе за австралиската радиодифузна корпорација.
Опозицискиот лидер Питер Датон, лидер на централно-десничарската Либерална партија, претходно изрази поддршка за забраната на социјалните мрежи за помлади од 16 години.
Кина, Франција и неколку сојузни држави во САД донесоа закони со цел ограничување на користењето на социјалните мрежи од страна на малолетниците поради загриженоста за онлајн штетите кои се движат од сајбер малтретирање до нереални стандарди за убавина.
Критичарите тврдат дека ваквите мерки го загрозуваат правото на изразување на младите и претставуваат ризик за приватноста.
Даниел Ангус, професор по дигитална комуникација на Технолошкиот универзитет во Квинсленд, ја критикуваше предложената забрана на Австралија како „непромислена“, „популистичка“ и „погрешно одвлекување на вниманието“.
„Таквата забрана ќе создаде сериозна штета со исклучување на младите луѓе од значајно, здраво учество во дигиталниот свет, потенцијално принудувајќи ги на онлајн простори со послаб квалитет и отстранување на важно средство за социјална конекција“, рече Ангус.
Подготвено од М.Д.