25.09.2024 Скопје
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала нѐ воведоа во војната во Украина и сега не можат да нѐ извлечат. Не можат да нѐ извлечат“, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели „ ние нема да си одиме додека не победиме.’Што ќе се случи ако тие победат?“ рече Трамп.
Подготвено од М.Д.