Sydney,,Australia,2022-11-02:,Exterior,View,Of,Aldi,Supermarket,At,Westfield

30.09.2024 Скопје

Германскиот синџир супермаркети Aldi ги заведувал потрошувачите со реклами за попуст, одлучи Европскиот суд на правдата (ЕСП), прифаќајќи ги аргументите на германскиот советодавен центар за потрошувачи.

Попустите во огласите „мора да се пресметаат“ врз основа на најниската цена во претходните 30 дена, потсетува ЕСП во вчера објавеното соопштение.

Советодавниот центар за потрошувачи во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг поднесе жалба против промотивната неделна брошура во која Алди рекламира банани и ананас со наслов „Најдобра цена во Германија“.

„Цената на ананасот и бананите беше пониска од онаа што ја покажуваат големите бројки“

Во огласот за ананас беше истакната цената од 1,49 евра по парче, со пречкртана сума од 1,69 евра, со мали букви и бројки испишана забелешка дека во претходните 30 дена најниската цена била 1,39 евра.

Тоа значи дека била пониска од онаа што ја покажуваат големите бројки, заклучи судот. Од Советувалиштето за потрошувачи нагласија дека не е доволно само да се наведе најниската цена, повикувајќи се на прописите на Европската унија, а судот се согласил.

Прописите забрануваат цените да се зголемуваат, а потоа да се намалуваат и дека таквиот потег се претставува како намалување, рекоа судиите на ЕСП, посочувајќи дека тоа е за да се спречи доведување на потрошувачите во заблуда.

ЕСП донесе прелиминарна одлука и случајот сега се враќа пред германскиот суд за да ја спроведе.

Подготвено од М.Д.

About Author